Последниот запис на Сидо

Иако телото на Стефан Сидовски беше пронајдено на 4 јули, сосема е веројатно неговата смрт да настапила и повеќе од цела седмица порано, од кога и датира записот споделен овде (25 јуни 2019 година). Барем засега – низ целата пишана оставнина на Сидо – никаде не беше пронајден запис со подоцнежна дата, па веруваме дека ова се неговите последни пишани зборови.

Збогум човеку! (МзР li.6688)

Една од многуте лирско-прозно белешки од Мислите за размислувањево кои Сидо ја изразува својата недоверба во науката, философијата и технологијата – а и во општата способност на човекот да создаде заедница на слободни луѓе.

„Се одлучив за љубовта…“

Подметната меѓу страниците на една од поетските тетратки на Сидо – Песни (јан-сеп 1993), стр. 59 – беше најдена следнава песна, единствената од досега проверените без дата и единствената што не е напишана рачно, туку на машина за пишување.

Крајот на цивилизацијата

Извадок од последниот, исклучително песимистичен дневнички запис на Стефан Сидовски (22 ноември 1992 година; Дневници, бр. 58, подлисток додатен кон крајот на тетратката) во кој Сидо се откажува и дефинитивно од натамошна документација на сопствениот живот, оправдувајќи ја одлуката со потполна разочараност од САД, Европа и Македонија – само година дена откако државата ја стекнува својатат независност.

Внатрешна противречност: марксизам vs религија

Голем дел од младешките години на Стефан Сидовски се определени од неколку внатрешни конфликти. Покрај онаа меѓу желбата за осаменички живот и нужноста за вообичаен, Сидо често е растргнат и меѓу политиката и религијата – или, поточно, меѓу – од една страна – определбата да дејствува доследно на своите убедувања и наспроти барањата на власта и, од друга, притисокот да стане политички активен за да напредува во животот и кариерата. Следниов запис, подведен под датата 15 септември 1973 година, е еден од многуте во кои Сидо ја самоистражува оваа противречност.

„Мислам дека можат да забележат дека сум некако поинаков…“

Дневнички запис од 27 август 1973 година за неприпадноста и за меѓугенерациското препознавање, за младешката потрага по нешто длабоко и недефинирливо, како и за надежта дека иднината би можела да биде поубава од сегашноста (Дневник бр. 3, 131-133 стр.).

Снимањето филмови како животна утеха

Во следниов краток дневнички запис од 24 јуни 1973 година (Дневници, бр. 2, стр. 167-8), покрај неколкуте белешки по повод снимањето на Еден ден ден во животот на . . . , Сидо попатно прибележува и еден свој чест впечаток – дека снимањето филмови му е најголемата утеха во животот.

Back to Top