Специјално признание „Стефан Сидовски – Сидо“

Во чест на професорот Стефан Сидовски, во годината по неговата смрт, Филозофскиот Филмски Фестивал востанови Специјално признание со неговото име. Овде ја преобјавуваме веста во која се откриваат причините зад оваа одлука, како и првиот добитник на признанието, Софи Линенбаум.

Златко Ѓелески и Тамара Котевска за Сидо

Краток извадок од интервјуто на писателот и филмски критичар Златко Ѓелески со македонската режисерка Тамара Котеска, оддржано на 4 март 2020 година, во рамки на 430-тата епизода од емисијата Danse Macabre на радио „Канал 103“.

Поставена плочка со името на Стефан Сидовски – Сидо во Кинотека

Текст на Стојан Синадинов по повод поставувањето плочка со името на Сидо на едно од столчињата во киносалата на Кинотеката на Македонија (текстот е првпат објавен на страницата на Кинотеката на 26 септември 2019 година, од каде и е преземен во целост).

Сидо засекогаш си доби место во киносалата на Кинотека

Текст на Емилија Петреска по повод поставувањето плочка со името на Сидо на едно од столчињата во киносалата на Кинотеката на Македонија (текстот е првпат објавен на страницата на Радио МОФ на 26 септември 2019 година, од каде и е преземен во целост).

Ратомир Цениќ, „Тоа што не можам да го кажам јавно – го кажувам преку филмот“

Ратомир Цениќ, поранешен ученик на Стефан Сидовски и негов долгогодишен филмски соработник, се сеќава носталгично на Сидо во овој трогателен in memoriam, објавен првпат на страниците на активистичкото списание „Лице в лице“ на денот на поставувањето плочка со името на Сидо во Кинотеката на Македонија (25 септември 2019 година).

Влатко Галевски, „Сидо – филмскиот Маркез“

In memoriam за Сидо на филмскиот критичар и долгогодишен пријател Влатко Галевски (текстот е првпат објавен на civilmedia.mk на 8 септември 2019 година).

Ѕвездан Георгиевски, „Тивкото заминување на професорот“

Колумната „Тивкото заминување на професорот“ на новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски е првпат објавена на 8 јули 2019 година, како дел од рубриката „Тунел“ на Призма, од каде неизменета и ја преземаме, со дозвола од – и искрена благодарност до – авторот и редакцијата.

Кица Колбе, „Збогум Сидо!“

Простување на Кица Колбе со Стефан Сидовски – а и со некое засекогаш изгубено Скопје на духовната култура, чиј последен симбол, можеби, беше токму Сидо (преземено од okno.mk, 5 јули 2019).

Горјан Милошевски, „Секогаш со опозиционерски став…“

Професоре, оди во мир! Секогаш со опозиционерски став за многу работи. Разбуди критичка мисла, аналитичност кај мал милион луѓе. Секогаш инспирација. Слава ти!


(Фејсбук статус на авторот; преземено од okno.mk.)

Ѓоко Здравевски, „Малку е ако кажам…“

Малку е ако кажам дека Сидо ми беше омилениот професор: на многумина ни беше. Во средно се собиравме по дома и на VHS ги гледавме неговите филмови. Последното предавање што го слушав кај него во Корчагин, тоа предматурското, кое беше надвор од програмата и за кое немаше испрашувања и писмени работи, беше некакво наративно јадро што го смени текот на мојот живот. Додека го слушав како ни зборува за значењето на матурата, за личната одговорност и за последиците од одлуките што ги носиме, одлучив дека натаму ќе продолжам таму каде што сакам јас и дека ќе студирам тоа што сакам јас, а не тоа што сакаат другите околу мене. По 16 години тоа предавање сѐ уште го носам со себе, сѐ уште го раскажувам, а идејата за личната одговорност ја пренесував таму каде што ми беше дадено да пренесувам знаење и искуство. Душата кон светлините, професоре, и вјечнаја памјат.


(Фејсбук статус на авторот; преземенo од okno.mk.)

Back to Top