Стоење

Од: Раскази и импресии II (1998-2000), стр. 5л:

– Зошто стоиш? – праша човекот со парталавиот капут.
– Затоа што ми се стои – му одговори човекот со парталавата капа.
– А до кога ќе стоиш? – праша пак човекот со парталавиот капут.
– Додека ми се стои – му одговори човекот со парталавата капа.
– А колку е тоа „додека ти се стои“? – повторно, натрапнички, го праша човекот со парталавиот капут.
– Додека не прекинеш да ме прашуваш – му рече отсечно човекот со парталавата капа.
– Еве, повеќе не те прашувам – рече човекот со парталавиот капут.
– Еве, повеќе не стојам, си заминувам – мy одговори човекот со парталавата капа и си замина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top