Последниот запис на Сидо
Иако телото на Стефан Сидовски беше пронајдено на 4 јули, сосема е веројатно неговата смрт да настапила и повеќе од цела седмица порано, од кога и датира записот споделен овде (25 јуни 2019 година). Барем засега – низ целата пишана оставнина на Сидо – никаде не беше пронајден запис со подоцнежна дата, па веруваме дека ова се неговите последни пишани зборови.
Во ниту еден момент од неколкуте дискусии и средби по горенаведениот повод, и покрај неколкуте можности за такво нешто, Сидо не го обзнани постоењето на Дневниците; дури и напротив, имплицитно негираше постоење на обемни записи од автобиографска природа. Денес, токму тие ни се чинат многу позрели и поинтересни за објава, не само заради нивната интимна природа и имплицитна цел, туку и заради нивниот поизграден и поличен стил. Од безмалку истите причини, ниту смееме ниту можеме да ги објавиме Дневниците во ракопис, барем не пред детално да ги исчитаме и продискутираме со претпоставено засегнатите – процес што сигурно би одзел многу напор и уште повеќе години; но можеме, во меѓувреме и додека трае исчитот, овде да споделуваме преписи што ни се виделе привлечни и репрезентативни за Сидо, не само од Дневниците, туку и од сите останати