Прашања без одговори: тегобности на младиот човек во определувањето на една философија на живот (2005)

ЗАНЕМЕНОСТ

Тоа што се знае има двојна вредност, ако воедно за тоа што не се знае се признае дека не знае.

– Артур Шопенхауер

WordPress Tables Plugin

Ова е дотолку поважно што укажува на еден основен проблем што филозофијата мошне малку го зема предвид сосем отворено да го решава. Се работи за: Живот, Вистина и Смисла!

Прашањето е во ова: Што е Вистина? Дали В-И-С-Т-И-Н-А е И-С-Т-А? И дали секој поглед на светот е Вистина?

Според тоа, дали секој начин на живот изведен од секое филозофско учење е правилен, па останува секј според сопствените интелектуално – емотивни – волативни афинитети да го избере погледот на свет што нему му се допаѓа? Како што веќе Фихте забележал дека „каква филозофија се избира зависи од тоа каков е човекот, бидејќи филозофскиот систем не е парче на покуќнината што може да се одлага или прифати како што нам ни е волја, туку е одуховен со душата на човекот што ја има“.

Колку во нашево време филозофијата односно филозофите како љубители на мудроста придонесуваат да се разоткрие и покаже Вистина?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top