Сценарио за „Еден ден од дневникот на …“

Сценариото за аматерскиот филм Еден ден од дневникот на … (1974), награден со „Златна плакета за игран филм“ на Сојузниот фестивал во Нови Сад во 1975 година.

За непрактичноста на осаменичкиот живот

Голем дел од раните текстови на Сидо ја документираат неговата растргнатост меѓу она што тој го смета за единствените два начини да се одживее животот: вообичаено (во согласност со традицијата и очекувањата) и осаменички (наспроти текот и настрана од другите). Еден ран запис од неговите Дневници (бр. 1, 94-103 стр.) нуди едно од многуте интересни сведоштва за овие дилеми (25 април 1973).

За неуспехот да се запише на Филмската академија во Белград

Краток запис од Дневниците (бр. 1, 50-51 стр.) за причините околу неуспехот на Сидо да се запише на Филмската академија во Белград.

Предговор кон Дневниците

Како и многу други нешта, и Дневниците на Стефан Сидовски се пишувани со однапред дефиниран план. Оттука, предговорот кон нив е напишан цела седмица пред да е заведен првиот запис. Во него Сидо ја открива не само својата цел зошто го почнува Дневникот, туку и желбата на него да се наврати во староста, непосредно пред смртта, за да открие дали неговиот живот имал смисла, дали воопшто животот има некаква смисла.

Back to Top