Поставена плочка со името на Стефан Сидовски – Сидо во Кинотека

Текст на Стојан Синадинов по повод поставувањето плочка со името на Сидо на едно од столчињата во киносалата на Кинотеката на Северна Македонија (текстот е првпат објавен на страницата на Кинотеката на 26 септември 2019 година, од каде и го преземаме во целост искажувајќи голема благодарност до надлежните за дозволата):

Киносалата на Кинотеката синоќа беше преполна со пријателите и почитувачите на Стефан Сидовски-Сидо, кој почина во јуни годинава. Мајстор на аматерскиот филм, филозоф и професор во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ и Универзитетот за аудиовисуелни уметности ЕФТА, Сидо беше синоним за безусловна љубов и љубопитност кон филмот и автор на две значајни научни дела од областа на филмот – „Филмскиот кадар и неговата естетска суштина“ и „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот”.

Присутните на свечениот настан: роднини, пријатели, соработници.

Во чест на Сидо беше поставена плочка со неговото име на едно од столчињата во киносалата:

Столчето на кое е поставена плочката

„Кинотеката ги испраќа пријателите со аплауз“, рече директорот на Кинотеката Владимир Ангелов на почетокот на вечерта посветена на Сидо.

Владимир Ангелов

Со инспиративни и емотивни говори од Сидо се простија и филмскиот критичар Ѓорѓи Јаневски, роднината Викторија Марковска, ректорот на ЕФТА Јордан Плевнеш, како и неговите полувековни соборци во алтернативниот и непрофесионален филм Слободан Беличански и Стефан Хаџиантоновски. Во чест на Сидо беше прикажан избор од неговите филмови, дел од грубиот и немонтиран материјал од филмот за Сидо што го снимал Ѓорѓи Јаневски, и емотивниот краток документарен портрет на професорот во режија на Тамара Котевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top