Додека трае

Една од последните песни на Сидо, напишана дваесетина дена пред неговата смрт, на 9 јуни 2019 година. Од: Песни (јул 2018 – јун 2019), стр. 35д:

Без
да знаеш
како и зошто
си радосен –
препушти се
на радоста
не прашувај
не барај смисла
не стравувај –
остави радоста
да те обземе,
да те впие,
да те полуди –
биди радост,
радост што трае
и трае
и трае –
додека трае!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top