Прашања без одговори: тегобности на младиот човек во определувањето на една философија на живот (2005)

Брошурата насловена Прашања без одговори датира од 2005 година, кога и е отпечатена во ограничен број самиздат-примероци. Цела деценија подоцна, истата е објавена во серија од седум прилози (денес, за жал, достапни само во архивирана форма) на македонскиот философски веб-портал, akindin.com. Повеќето од нив се придружени од следниов вовед:

[Брошурата „Прашања без одговори“] е своевиден наговор на филозофија: исто како и Аристотел, така и нашиот Стефан Сидовски речиси цел свој животен и работен век со несмален интензитет го посветуваше на таа благородна задача. На некој начин, овие статии може да се сметаат за дестилат на еден долгогодишен животен ангажман и интелектуално творештво. Доста лековит дестилат – само прашајте некој од оние кои имале среќа да ги слушаат неговите средношколски предавања.

На наредните страници следува интегрален препис на публикацијата, своевремено направен од Кирил Бисероски и Александар Војнески и преуреден и адаптиран за потребите на оваа веб-страница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top