„Се одлучив за љубовта…“

Подметната меѓу страниците на една од поетските тетратки на Сидо – Песни (јан-сеп 1993), стр. 59беше најдена следнава песна, единствената од досега проверените без дата и единствената што не е напишана рачно, туку на машина за пишување:

Боже, никој како Тебе
Направи му ќеф на стариот циганин
Целиот свет нека цркне
А ти Боже да преживееш
Ум во глава
Кога ќе создаваш пак.

Под неа, после отворени наводници – но без никаква додатна назнака за евентуален изворник – стои напишано и следново:

Се одлучив за љубовта… Така ќе има повеќе смисла. И Смртта. И животот.


Факсимил на оригиналниот запис

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to Top