„За философијата, образованието и сексот“: интервју на Мери Цветковска со Сидо

Соодветно насловено „За философијата, образованието и сексот“, следново интервју на Мери Цветковска со Стефан Сидовски е правено во април 2018 година, кога е и првпат објавено на веб-страницата reborn.mk. Го преобјавуваме овде во целост.

Внатрешна противречност: марксизам vs религија

Голем дел од младешките години на Стефан Сидовски се определени од неколку внатрешни конфликти. Покрај онаа меѓу желбата за осаменички живот и нужноста за вообичаен, Сидо често е растргнат и меѓу политиката и религијата – или, поточно, меѓу – од една страна – определбата да дејствува доследно на своите убедувања и наспроти барањата на власта и, од друга, притисокот да стане политички активен за да напредува во животот и кариерата. Следниов запис, подведен под датата 15 септември 1973 година, е еден од многуте во кои Сидо ја самоистражува оваа противречност.

За непрактичноста на осаменичкиот живот

Голем дел од раните текстови на Сидо ја документираат неговата растргнатост меѓу она што тој го смета за единствените два начини да се одживее животот: вообичаено (во согласност со традицијата и очекувањата) и осаменички (наспроти текот и настрана од другите). Еден ран запис од неговите Дневници (бр. 1, 94-103 стр.) нуди едно од многуте интересни сведоштва за овие дилеми (25 април 1973).

Back to Top