Игор Иванов – Изи, „Извонреден професор…“

Стефан Сидовски-Сидо е најдобрата причина поради која јас продолжив да се занимавам со филозофија и со филм. Низ годините постојано го среќавам и до ден денешен, после децении како што би се рекло, сѐ уште зборуваме на тие две теми, филозофија, филм и малку политика. Тој беше извонреден професор, не знам дали во Македонија се случило такво нешто и тешко, велам – дај Боже, но тешко дека скоро ќе се повтори. Затоа што, она што го зборуваше и она што го живееше беа во една синергија… Кога ќе се присетам на предавањата, се сеќавам на еден момент кога државата, т.е. Секретаријат за образование во тоа време, донесе одлука за да го исфрли од училиштето и да му го прекине работниот однос, затоа што држи предавања што се косат со воспоставените принципи и програма, што не беше точно. Неговите предавања беа ултра-прогресивни, но тие кратки умови не можеа да разберат во тоа време и се сеќавам дека целата генерација на деца станаа и го одбранија.


(преземено од текстот „Професорот од Корчагин“ од idividi.mk)

Сцена од Превртено на Игор Иванов – Изи

Сидо во улогата на Говорникот (од владејачката Партија на националниот дух) во играниот филм Превртено на режисерот Игор Иванов – Изи од 2007 година, со Сања Трајковиќ, Милан Тоциновски, Славиша Кајевски и Јордан Симонов во главните улоги. Во сцената се јавува уште и Лабина Митевска (Жената во бело).

Ќебето на Ацо Шопов на Игор Ивановски – Изи

Сидо во улогата на Докторот во краткометражниот филм од 1996 година Ќебето на Ацо Шопов на Игор Иванов – Изи, снимен во соработка со Драган Абјаниќ, Бранд Феро и македонската хип-хоп формација Чиста Околина.

Back to Top